(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Оставаме кило брашно за Богоевски да не се резили пред таксисти

Од:

Помина цела една недела, а Павле Богоевски не си дава оставка, се редат само образложенија што е тоа „пола” што Павле си го нарачува да му го спремат „убаво”, порачаа од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Лажат бе Павле што зборат по градов дека тоа „пола” била бела прашкаста материја што остава траги на носот. Да шмркал Павле кокаин немаше да прифати да биде наркотестиран.

Затоа УМС во обидот да помогне на државата да не троши ресурси за да го гони таксистот за да утврди што нарачувал Павле нуди уште една информација од свиркач. Павле подолг период е навлечен на „бело” и тоа тип 500. Затоа му оставаме цело кило квалитетно брашно за да не се резили во иднина пред таксисти да нарачува по пола грам. Павле, брашново се купува во продавница исто како и маслото од канабис што се купува во аптека. Заеви ја садат марихуаната. Прашај ги. Немој да се резилиш со вакви образложенија. Ако си по друг бел прашак, следниот пат ќе ти оставиме и за перење. Павле, отвори си пекара и хемиско чистење ако толку си по „бело”. Не вака, штом ќе кренеш рака и прозбориш во Собранието да мислиме дека ти фали „пола” и тоа те вознемирува“ изјави Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Богоевски го обвини Апасиев дека ја злопотребува функцијата за да си ја реновира куќата, лидерот на „Левица“ вели дека таа е културно наследство

Богоевски: Левица има над 30.000 евра во „Еуростандард“, на изборната сметка стои кодот на банката

Жарко Настоски

Поранешниот пратеник Павле Богоевски во самоизолација

А1он

(ВИДЕО) Богоевски: Вредностите над функцијата

Ана Ололовска

Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата

Ана Ололовска