Поранешниот пратеник Павле Богоевски во самоизолација

Од:

Поранешниот пратеник Павле Богоевски предмалку на својот профил на „Фејсбук“ објави дека е во самоизолација, откако претходно патувал во Германија, држава со среден ризик од коронавирусот.

„Во моментов немам симптоми“, напиша тој, укажувајќи на можен проблем со имплементацијата на мерките.

„Иако нам ни се добро познати, забележав дека мал дел од патниците знајеа за мерките. Посебно делот за самоизолација и препораката за јавни собири. Доколку се враќате од некоја од државите со среден и висок ризик, комуницирајте ги мерките со останатите патници. Маските се корисни, но нивниот бенефит е ограничен и на крајот, сепак ќе го дишете истиот воздух со сите други патници на таа дестинација“, вели Богоевски.

 

Би можело да ве интересира

СЗО: Омикрон е регистриран во 38 земји, засега нема смртни случаи

А1он

Главната научничка на СЗО вели дека нема потреба од паника поради појавата на омикрон

А1он

СЗО: Омикрон може да ја влоши ситуацијата во Европа

А1он

Портпаролот на СЗО ги пофали компаниите што подготвуваат нова вакцина

А1он

Линдмајер: Производителите да ги приспособат вакцините на омикрон

А1он

Јужна Африка влегува во четвртиот бран на Ковид-19

Ана Ололовска