ВИДЕО: Убијците никој не ги бара, Бошкоски 12 години затвор

Од:

Дали пресудата за Ровер го дозакопа македонското судство? Уште еден од низата политички нарачани случаи или реална одлука? Тенкото обвинение и докази за кои адвокатите тврдеа дека се несериозни му донесоа на Љубе Бошкоски највисоката казна-12 години затвор за помагање на убиството на Марјан Тушевски и Кире Јанев.

Повисока имаат само директните извршители Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ кои добија доживотен затвор, што и ништо не им значи со оглед дека судот не ги обезбеди за процесот. Новинарите ги најдоа, но судот не можеше да ги пронајде. Од тука Бошкоски и неговите адвокати се сомневаа дека метата со процесот „Ровер“ е токму тој.

На пресудата реагираше Бошкоски кој на судијата Илија Трпков го праша врз кои аргументи ја донесе одлуката.

-Те гледам, се плашиш. Колку ти платија, бандо криминално. Еден ден ќе седнеш на моево место, ти ветувам, му се обрати Бошкоски на судијата.

Адвокатите запрепастени од одлуката на судот со оглед дека во целата постапка немало никаков цврст доказ.

-Од сите материјални докази кои беа предложени и вербални, не само колегите туку и другите адвокати мислат дека не може да биде донесена осудувачка пресуда. Не можам да коментирам ниту да претпоставам на кои докази е донесена оваа пресуда, зашто писмена пресуда ја немаме добиено, рече Константин Кратовалиев, адвокат на Бошкоски.

– Јас побарав праведна пресуда, дали е таа праведна пресуда останува да каже јавноста и повисоките инстанции, рече обвинетлката Лидија Вучкова Раичевиќ.

Таа беше во придружба на полициско обезбедување и испратена од судот со извици на негодување.

Единственото нешто што го осуди Љубе Бошкоски на 12 години е изјавата на заштитениот сведок. И самиот судија Илија Трпков при правдањето на одлуката посочи дека заштитениот сведок кажал дека Орце Коруновски бил во куќата на Љубе Бошкоски, а екс министерот негираше дека тој човек некогаш влегол кај него.

Според судот не е спорно дека Орце Коруновски и Марјан Тушевски биле во ривалски односи. Имаат потврда дека Бошкски дал наредба да се упаси Тушевски поради поплаките за рекет, но спорно е за судијата Трпков зашто МВР, односно Бошкоски чекал толку време да го уапси Тушевски.

Од другите обвинети, Зоран Трајковски доби 10 години, Ивица Ристиќ и Сашо Јовановски по осум години, Никола Негриевски и Гоце Митровски по шест години.

Извршителите на убиството, судот не ги обезбеди и тие се на слобода, а ваквата пресуда Љубе Бошкоски ја најави уште кога беше на слобода на прес конференција, кога тврдеше дека власта му монтира процес со кој сака доживотно да го осуди. Подоцна од зад решетки, соочен со тужби за клевета, мораше да се извини.

Бошкоски моментално се наоѓа во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна за нелегално финансирање на изборната кампања досудена за изборите во 2011. година, процес кој од сите релевантни меѓународни организации, од Фридом Хаус но и од Стејт Департментот беше наречен „политички монтиран“.

П.П.

Би можело да ве интересира

Продолжува притворот за двете лица осомничени за грабнување на внукот на Љубе Бошкоски

Орце Костов

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Бошкоски: Ревизорот откри 400 000 евра непокриени во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Груевски и Бошкоски за 27 април ќе се бараат со меѓународна потерница

Сандра Бошковска

Бошкоски и Плевнелиев разговараа за можностите за инвестирање

Наум Локоски