Груевски и Бошкоски за 27 април ќе се бараат со меѓународна потерница

Од:

Експремеирот, Никола Груевски и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски, за настаните од 27 април во Собранието ќе се бараат со меѓународна потерница. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Министерството за внатрешни работи доставил наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за Груевски и Бошкоски.

„За лицата за кои се донесени наредбите постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик. Имено, по спроведената предистрага, на 20 февруари годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за петмина, меѓу кои и за овие две лица кои се недостапни на органите на прогонот.

Тогаш, јавениот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за сите осомничени, при што на овие две лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена од нивното пронаоѓање“, се вели во соопштението од судот.

И двајцата се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Груевски од ноември лани е во бегство во Будимпешта каде што доби политички азил, а Бошкоски повеќе од една година е во бегство во Грција. И двајцата се обвинети во повеќе предмети на СЈО, а Груевски е осуден во предметот „Тенк“ за набавка на луксузниот „мерцедес“ од 600 000 евра.

На 20 февруари поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски беа на распит како осомничени под сомнение дека се дел организаторите на упадот во Собранието. На Јанакиески и Ристовски им беше определен притвор.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов