ВИДЕО: Суровa Македонија-има карцином, ја тераат да работи

Од:

Младата кумановка, Даниела Бошковиќ, која неколку години ја води битката со анорексија и карцином е само еден пример и доказ дека здравствените реформи не им помагаат на пациентите.

Државата никако да и помогне на оваа самохрана мајка. Напротив, со две тешки болести надлежните сметаат дека таа може да рабои и да го издржува семејството.

Иако медиумите пред неколку дена објавија дека на Бошковиќ итно и е потребна финансиска и медицинска помош, надлежната лекарска комисија оцени дека е работноспособна и и беше укината социјалната помош.

На триесет и двегодишната кумановка од ден на ден состојбата и е се полоша, бидејќи не може да јаде и има големи болки. Коските веќе започнале да и се распаѓаат, а се потешко зборува поради вилицата. Уште пред две недели требало да се оперира по втор пат, затоа што првата операција била неупешна.

-Не знам врз која основа, без комисија, од лекар стигна документ дека сум работноспособна и дека ми се укинува правото на постојана парична помош. Треба уште една операција да се прави, бидејќи првата беше неуспешна. Еве втора недела чекам, бидејќи не можам да соберам пари за да можам да отидам-вели самохраната мајка на две малолетни деца, која освен со болеста се соочува и стравот дека ќе биде избркана од изнајмениот дом, бидејќи нема пари за да ја плати киријата.

elenka

Сета суровст на општеството во кое живееме се огледа што досега интерес за помош покажале само две жени од Скопје, кои побарале жиро сметка, но од тогаш ниту се јавиле, ниту пак уплатиле пари.

-Укината е социјалната помош и негата, живееме без лекови и пари. Не се платени киријата, струјата и водата. Има две деца, но таткото не дава никаква алиментација, постојано бевме на негата, со тоа се издржувавме а сега и тоа е укинато.

elenka1

– На која основа е укинато, тие знаат. Лекарите велат дека е здрава, а како тоа го провериле, кога не излезе комисијата да одобри дали таа е здрава или не. Директорот вели дека ќе се преземе нешто, но нас сега ни е потребно. За да прави повторна операција, бидејќи претходната не беше успешна – нејзината мајка Јаворка Петковска.

Елена Георгиевска

Сите хумани граѓани кои што сакаат да и помогнат на Даниела Бошковиќ може да ги исконтактираат на телефонскиот број 077 636 733.

Жиро сметка: 320500009057065

Централна кооперативна банка АД Скопје

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска