(ВИДЕО) Стојанче Ангелов: Луѓе, не седете дома – излезете пред МРТ да го искажеме револтот

Од:

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов не успеа да го убеди Горан Петрески, главниот и одговорен уредник на информативната програма на МРТ, да ги пушти снимките што ги објави опозицијата, а кои содржат податоци за кривични дела, злоупотреби и корупција.

Откако Ангелов и неговите приврзаници цела недела одеа во МРТ да ги дадат снимките со бомбите, денеска, тој се сретна со Петрески, кој единствено што можел да му вети е дека во наредните денови ќе го поканат Ангелов да гостува во во некои од вестите на МРТ. Главното објаснување на Петрески било дека Јавното Обвинителство забранило да се емитуваат снимките што ги објавува опозицијата. Петрески мисли на соопштението кое го испрати Јавното обвинителство до медиумите, непосредно пред објавувањето на првата бомба на СДСМ, а со кое се препорачуваше да не се пренесуваат материјали кои се незаконски добиени, соопштение кое странската и домашната јавност го оцени како обид за наметнување цензура во медиумите.

Ангелов не се откажува од намерата заедно со граѓаните да протестира што јавниот сервис, во целост е во служба на владејачките партии, а не на граѓаните.

– Го повикуваме Јавното обвинителство да каже врз основа на кој закон и н акој член ја донело оваа одлука со која им забранува на медиумите во Македонија да ги емитуваат снимките на опозицијата, рече Ангелов

Тој го потсети јавниот обвинител на пресудата што стана меѓународен стандард, од Велика Британија во 1991 година во случајот „Гардијан“ против Обединетото Кралство, според која информациите од национална безбедност кои еднаш излегле во јавност, повеќе не можат да се забрани нивното објавување

– Го повикавуме Јавното обвинителсто да ја укине забраната, јавниот обвинител веднаш да си поднесе оставка а обвинителите да не се плашатрече Ангелов.

Стојанче Ангелов ги повика граѓаните и вечерва во 19 часот пред МРТ, тој рече дека да ќе биде сервис на владејачката номенклатура и тоа ќе биде така се’ додека пред МРТ не се соберат 10 000 граѓани.

– Нашиот гнев заради неинформирањето на македонските граѓани сега ќе биде насочен и кон Јавното обвинителство, рече Ангелов.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски