Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Од:

Стојанче Ангелов, лидер на „Достоинство“ и директор на Центарот за управување со кризи најави дека Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција, откако Владата ги одбила измените на Законот за бранители.

– Крајно сме разочарани и револтирани од пратениците на СДСМ кои пред неколку дена гласаа против предлог законот за дополнување на Законот за бранители. СДСМ има можност да ја исправи оваа голема неправда која ја нанесе на македонските Бранители од 2001-та преку носење на владина одлука. Затоа, на денешната прес конференција повторно ќе побараме Владата да ја реализира иницијативата на Достоинство поднесена во декември 2022 година и да донесе Одлука за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди од 2001 година, напиша Ангелов на Фејсбук.

„Доколку нашата иницијатива биде отфрлена, Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ. Слушнете само неколку реченици од таткото чиј син е изгорен кај Вејце. Ова семејство до ден денес сеуште е необесштетено. Иако таткото со скршен и огорчен глас лично мене ми повторуваше, нам не ни требаат никакви пари, вратете ни ги нашите синови, иако ниту едни пари на светот не вредат колку животот на било чиј син, ние како држава сме должни да ја исправиме оваа неправда и на сите необесштетени семејства на загинати бранители како и на триесетината необесштетени воени инвалиди од 2001-та да им исплатиме праведен надомест на нематеријална штета“, додаде Ангелов.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски

Георгиевски, Бошкоски и Ангелов подготвуваат офанзива

Ана Ололовска