Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Од:

Претседателот на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангелов ги повика денеска граѓаните на Македонија да гласаат „за“ на референдумот на 30 септември, наведувајќи дека оваа година Владата предводена од премиерот Зоран Заев успеала да најде решение.

– Ниту оваа, ниту која било претходна, ниту која било идна Влада, можеше, ниту ќе може да извлече повеќе. Со овој историски договор, за првпат откако постои овој ирационален спор, Грција го призна постоењето на македонскиот народ и македонскиот идентитет. Покрај гаранцијата на нашиот идентитет, овој договор гарантира и модерна, безбедна и побогата македонска држава, членка на Европската Унија и НАТО, нагласи Ангелов.

Тој посочи дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден момент не кажал дека тие како партија ќе го прекинат преговорите со Грција и нема да го променат името на Република Македонија,

– Со овој договор Македонија засекогаш ќе остане Македонија. Северна, но сепак Македонија, а ние и понатаму ќе останеме она што отсекогаш сме биле, горди Македонци. Има само една држава, а тоа е нашата држава Македонија со географска одредница Северна пред нејзиното име, истакна Ангелов.

Тој посочи дека време е граѓаните на Македонија да се соочат со суровата реалност.

– Договорот со Грција е неправеден, но е корисен. Македонија нема друг начин за безбедни граници и економски напредок, освен влезот во ЕУ и НАТО. Овој направен договор ни го нуди токму тоа и затоа гласањето „ЗА“ може да се смета како врвен патриотски чин, потенцираше Ангелов.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов