Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ијави дека не би го зачудило доколку ВМРО-Народна партија, Обединети за Македонија и Достоинство станат дел од новата влада бидејќи, како што вели, тие во изминатите пет-шест години работат за СДСМ.

– За мене не е изненадување имајќи во обзир дека партиите на Љубчо Георгиевски, Лубе Бошковски, Стојанче Ангелов, Јове Кекеновски, Павле Трајанов,… се во служба на СДСМ и играат различни улоги. Во некои периоди улогата им беше да им бидат коалициски партнери, а на последните избори да бидат посебни субјекти, да се прикажат како независни за да земат што повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, односно да му помогнат на СДСМ да има повеќе пратеници, рече Груевски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните работи на новата зграда на АД ЕЛЕМ.

Според него, јасно било дека овие партии нема да освојат ниту еден пратеник, но и дека нивната улога да одат како посебни субјекти на изборите иако имаат одлична соработка со СДСМ, била да се прикаже пред граѓаните дека се независни и оти не се заедно со СДСМ за да убедат дел од десничарското гласачко тело да им ги даде гласовите верувајќи дека се десна опција и оти не се поврзани со СДСМ.

– Јас тоа го кажував и во кампањата и воопшто нема да бидам изненаден доколку сега станат дел од владејачката гарнитура и да добијат некои директорски или било какви места. Тоа е нормална последица на целото нивно работење и соработка со СДСМ во изминатите пет-шест години па и повеќе, рече Груевски.

Додаде дека овие партии едно време беа коалициски партнери на СДСМ и заедно настапуваа на митинзите па потоа, како што кажа, нивните стратези оценија дека е подобро да настапат одделно за да одземат дел од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа се сателит партии кои служат во избори за одземање на гласови на ВМРО-ДПМНЕ, но мислам дека со тек на време десноориентираното гласачко тело веќе го разбра тоа, потенцира Груевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ