(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Од:

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски од Мечкин камен честитајќи го Илинден порача дека е време да се надмине конфликтноста во општеството и помеѓу граѓаните.

Тој за повикот од ВМРО-ДМПНЕ до членството да не учествуваат на прославата на Мечкин Камен кажа дека некои политичари упорно сакаат да создаваат конфликтна состојба во Македонија,но дека на граѓаните им е потребна слобода и мир.

-Тоа уште еднаш потврдува за каква политичка структура се работи, за структура која дефинитивно заминува од македонската политичка сцена, се надевам неповратно. Ние сите имавме кризни период но направивме “кам бек“ во политиката. Мислам дека оваа политичка гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ заминува во историјата, мислам дела членството во паритјата во која бев цели 19 години, се ослободува и полека верувам дека Илинден 2018 година сите ќе бидеме заедно, вистинските вмровци на вистинското место-овде на Мечкин камен, рече Бошкоски.

Тој најави дека на локалните избори ќе настапи заедно со Стојанче Ангелов и со Љубчо Георгиевски со коалицијата „ВМРО за Македонија“.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска