(ВИДЕО) Стојанче Ангелов: Нека не се плашат Тони Михајловски и воените инвалиди – нема да ги тепам

Од:

Откако претседателот на Достионство, Стојанче Ангелов побара од премиерот Груевски да си даде оставка, по корупцијата и криминилот што се открија во „бомбите“ на опозицијата, против него почна да пишува здружение на воени инвалиди.

Ангелов ги повика да се сретнат денеска, пред споменикот на бранителите во Жена парк, но никој не се појави.

-Кога бев кај Никола, нелегитимниот премиер на македонската влада, кажав дека зборувам во име на сите македонски бранители, но тоа веќе не е точно, не зборувам и во име на тројца бранители кои што излегоа со име и презиме и не зборував во име на Тони Михајловски, кој, исто така се огради од мојата изјава, значи само четворица бранители досега се оградија од мојата изјава што ми дава уште повеќе сила да кажам дека јас, генерал Стојанче Ангелов, како неформален лидер на македонските бранители – зборувам во име на сите македонски банители.

Вчера, со соопштение се појави некое фантомско здружение на воени инвалиди „Стојанче нека зборува сам за себе, бранителите не се со него“. Побарав од овие луѓе, им пратив порака да дојдат денеска овде, пред нашето светилиште на бранителите од 2001 година, да дојдат овде како мажи, како херои, бидејќи ако се воени инвалиди, ранети во војна, тие треба да се херои, да ме погледнат во очи и да кажат, каде биле, кога ја бранеле Македонија и во која битка биле ранети и какви се нивните рани. Но, еве денеска, овде нема никој. Нагласив дека нема да ги тепам, јас не сум насилник, сакав како луѓе да поразговараме. Бев подготвен да разговарам и со Тони Михајловски кој напишал цела колкумна за мене. Но еве за жал го нема и него, рече Ангелов.

Генералот Ангелов и за вечерва во 19 часот, најави дека ќе оди во МРТ да побара јавниот сервис да ги пушти снимките на опозицијата. Тој ги повика граѓаните да му се придружат.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски