ВИДЕО: Секогаш кога Шиповиќ ќе проговореше, ѕвонеа телефоните на Рангелова и Лазаревски

Од:

На денешното рочиште за судењето за предметот „Насилство” на СЈО, сведочи Цветанка Симоновска, поранешна советничка на коалицијата предводена од СДСМ во Општина Центар.

Таа се присетуваше на 7 и 10 јуни, деновите кога имаше немири во и пред општина Центар.

„Секогаш кога Шиповиќ ќе отвореше уста, ѕвонеа телефоните на Даниела Рангелова и Томислав Лазаревски”, рече екссоветничката Симоновска.

„Не знаевме дека пеколот доаѓа за 3 дена во понеделник” рече таа пред судот.

„Атакот тој ден во петокот беше врз нас, а не врз советниците на ВМРО-ДПМНЕ“, се присетуваше Симоновска, која додаде дека целта била да се оневозможи советот да работи.

„Тогаш имавме тесно мнозинство од 12:11 за донесување на одлуките“, рече таа.

Група луѓе, како што рече таа, влегла со викање на влезот на бараката бр. 6 каде заседавал советот.

Утре се навршуваат 5 години од тој настан и може да прославиме мал јубилеј, се пошегува ексоветничката, на што се насмеаја обвинетите.

„Полицајците само фигурираа пред општината и не повикаа засилување“, нагласи таа.

Ова се случувало од 13 до 19 часот кога седницата била прекината и презакажана за понеделник, кога требало да се расправа за спорните ДУП-ови на општината.

Во судницата се наоѓаат 11 обвинети. Двајца признаа вина и добија условни казни, а за еден се води издвоена постапка.

Обвинети со случајот се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште девет лица.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска