И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Од:

Врховниот суд одлучи дека барањето кое го поднел експремиерот и осуден Никола Груевски во предметот „Насилство во Центар“ е офрлено како недозволено. Ова значи дека е потврдена неговата затворска казна од од 1 година и 6 месеци.

„Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за виновен и осуден на казна затвор во трење од 1 година и 6 месеци за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 в.в. со став 1 в.в. со член 23 од К.З, која пресуда беше потврдена со пресуда на Второстепениот суд од 10.09.2021, соопштува Основен кривичен суд Скопје“, велат од Врховниот суд.

Во ноември минатата година, Апелацискиот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда на Кривичен суд Скопје за случајот „Насилство во Општина Центар”, во кој првообвинетиот Никола Груевски беше осуден на 1 година и 6 месеци затвор, а останатите беа осудени на условни казни, односно алтернативни мерки.

Би можело да ве интересира

Двајца стружани оштетиле неколку возила, а нападнале и полицајци

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Кривична пријава за жител од Чашка кој физички ја малтретирал малолетната ќерка

Скопјaнец ја истепал својата 18-годишна сестра

Горан Наумовски

Жена е нападната од нејзиниот син во Аеродром

Полицијата уапси млад штипјанец кој си ја истепал девојката