(ВИДЕО) Се распаѓаат скулптурите од „Скопје 2014“ вредни 5 милиони евра

Од:

Се распаѓаат скулптурите на мостот Око и мостот на уметноста кои се дел од проектот „Скопје 2014“. Мостовите државата ја чинеа вкупно 5.092.310 евра, односно 2.750.107 евра мостот Око, а 2.342.194 евра мостот на уметноста.

Се распаѓаат скулптурите од „Скопје 2014“ вредни 5 милиони евра

Posted by A1on.mk on Tuesday, May 16, 2017

Мостот на уметноста беше официјално пуштен во април 2013 година, а мостот Око два месеца подоцна, односно во јуни 2013 година. Како што забележа камерата на А1он, четири години откако станаа проодни, мостовите се речиси уништени.

Скулптурите на мостовите се одлепени од постаментите, а се искршиле и мермерните ќошеви. Освен тоа, фасадата на мостовите почнала и да се рони поради влага, што ги прави уште по несигурни за движење.

Двата моста ги има изградено фирмата ДГ Бетон АД Скопје, фирма која има изградено 33 градби од проектот „Скопје 2014“.

За одржување на градбите од проектот „Скопје 2014“ е надлежен само Град Скопје. Претходно, надлежноста за одржување ја имаше и Општина Центар, но откако градоначалникот Андреј Жерновски се откажа од одржувањето, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски рече дека ќе му биде чест градот целосно да ги одржува градбите од „Скопје 2014“.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски