Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

Од:

Случајот „Феникс“ кој беше објавен вчера уше еднаш покажа дека ДПМНЕ е криминална партија која безмилосно го пљачкала народот под превезот на таканаречениот патриотизам, рече мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Поранешниот премиер и сега почесен претседател на ДПМНЕ, Никола Груевски, неговата десна рака Зоран Ставревски, екс министерската Елизабета Канчевска – Милеска, двајца градоначалници од редовите на ДПМНЕ се товарат дека го оштетеле државниот буџет за 16 милиони евра, преку спомениците во проектот Скопје 2014.

Цела недела од незаконски стекнатиот Бел дворец ги прозиваа независните судски органи, повикуваа на оставки, а денес кога на површина излегува нов криминал на ДПМНЕ, никаде ги нема.

Вчерашниот предмет е уште еден доказ дека Скопје 2014 е мегакриминален проект чија реализација имаше за цел богатење на одредена група луѓе околу Груевски.

Замислете, група од ДПМНЕ перела пари, преку грбот на македонскиот народ, но и преку грбот на великанот Гоце Делчев, преку Александар Македонски, преку Цар Самоил, преку Гемиџиите..

Дали по вчерашниот последен случај Христијан Мицкоски ќе поднесе оставка затоа што е лидер на криминална партија за чии функционери постојано се отвораат предмети за сторен криминал, праша Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костовски: Наместо програма, нови празни ветувања од ДПМНЕ

Горан Наумовски

Костовски: Од ДПМНЕ не гласаа за своите министри, а денеска ги бранат министрите на Таравари

Костовски: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, Мицкоски се што кажа излажа

(ВИДЕО) Костовски: Митрески имаше клучната улога во враќањето на дијалогот во Собранието и ужива доверба

Горан Наумовски

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

(ВИДЕО) Костовски: Бевме сведоци на државничко обраќање на претседателот Пендаровски

Катерина Ѓуровски