Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Од:

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето. Град Скопје соопшти, а и Арсовска на профилот на социјалните мрежи објави фотографии од поставувањето на споменикот ов текот на ноќта.

– Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија. Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава, се вели во соопштението од Град Скопје.

Советот на Град Скопе уште во 2024 година со 23 гласови „за“, 3 „против“ и 7 „воздржани“ ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Ќосето, кој пет години претходно беше отстранет од пред комплексот судови.

Споменикот беше ставен пред комплексот судови во време на екс-градоначалникот Коце Трајановски, а кога на функција дојде тогашниот градоначалник Петре Шилегов беше отстанет и на негово место беше засадено дрво. Oбразложение беше дека се работи за дивоградба.

Историчарите имаат поделени мислења за Ќосето – за едни тој е патриот и борец против непријателите на ВМРО, додека за други е контроверзен лик со темна улога, вклучително и наводна ликвидација на сопствениот брат.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски