СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Од:

ДПМНЕ, со години переле пари со злоупотреба на службена положба и овлатувања преку проектот Скопје 2014.

Со криминал, наместени тендери и злоупотреби, врз грбот на граѓаните си обезбедиле финансиски средства од 57 милиони евра.

Обемната истрагата на обвинителството за овие злоупотреби покажа дека за леење на споменици од Скопје 2014, од буџетот биле исплаќани високи суми пари, а тие се лееле во Италија за пониски суми, додека остатокот од парите се враќале во земјата но не во буџетот, туку на туѓи сметки.

Сето ова се случувало кога режимот беше во своите најсилни години, кога законите не важеа за лица блиски до ДПМНЕ, кога луѓе од Белиот дворец се богатеа преку ноќ додека граѓаните тонеа во сиромаштија.

Истрагата за овој сериозен криминал води до вкупно 15 лица и 7 компании, меѓу кои почесниот претседател на ДПМНЕ Никола Груевски, и други високи функционери на Белата палата.

Тоа е истиот Никола Груевски на кој Христијан Мицкоски му бил советник а потоа и генерален секретар на ДПМНЕ.

Уште еднаш се потврди дека ДПМНЕ е најкриминална партија, на која власта и служи за богатење врз грбот на народот, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра