СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Од:

Последниот случај со проектот Скопје 2014, наречен „Феникс“ го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ.

Под превезот на таканаречениот патриотизам, ДПМНЕ со години го пљачкала својот народ преку проектот Скопје 2014.

ДПМНЕ и високи функционери на партијата предводени од Никола Груевски, освен врз грбот на народот, со години переле пари и преку македонските великани како Гоце Делчев, Никола Карев, Гемиџиите…

Со последниот случај уште еднаш се потврди дека Скопје 2014 е мегакриминален проект кој служел единствено за лично богатење на поединци, се потврди и дека ДПМНЕ е најкриминалната партија во Европа.

Заради сторениот криминал, заради злоупотребата на македонските великани, заради тоа што и самиот тој се уште е опкружен со лица против кои се водат судски процеси за сторени кривични дела, Христијан Мицкоски да поднесе оставка од чело на партијата, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага