ВИДЕО: СДСМ тврди дека нема намалување на цените

Од:

Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи нема никаков ефект и не се одрази на намалување на цените.На терен, во маркетите и во разговор со граѓаните заклучокот е дека нема намалување на цените на најголем дел од основните производи, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Само еден вид на леб на пример е намален за 1 денар. Кај месото има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, додека млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени. За дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле покачени. Задоцнетата реакција на Владата и неефикасните мерки немаат никаков реален ефект. Минималната синдикална кошничка е зголемена на 61.306 денари овој месец а трошоците за храна и пијалок се поголеми за 717 денари во споредба со минатиот месец. Во исто време, просечната плата бележи пад во просек за 1.000 денари. Одлуката на владата на Мицкоски да ги замрзне платите е погрешна, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат