(ВИДЕО) Ристовски: Преку ботови не нападнаа за брзата железница, таа сега се прави во Србија

Од:

Партиите монополи во Македонија преку ботови направија жесток напад за идејата за брза железница, а таа сека се појавува во Србија, вели во интервју на А1он претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски.

„Додека кај нас преку ботови се правеше жесток напад за идејата за брза железница, таа никна во Србија, исто како што сателитите никнаа во Словенија, Албанија и Црна Гора. Нацијата е доведена 32 години да ја гледа македонската стварност низ призмата на канализација, водовод, полски тоалети, патишта со кал. Ние сме доведени до едно ниво кое е дно“, кажа Ристовски

Тој посочи дека ги лоцирале ботовите, кои се врзани за политички партии, но и неколку маркетинг агенции кои им нуделе ботови за 2.000 евра.

„Ботовите се тука, околу нас. Тоа се дел од политичките партии, агенции блиски до нив кои дошле и до нас, велат дајте 2.000 евра, ние ќе ви дадеме 500 бота и ќе масакрираме кого сакате и што сакате“, вели Ристовски.

Целото интервју со претседателот на политичката партија Интегра Љупчо Ристовски гледајте го утре, во 10:30 часот на А1он.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, се запалило и возило во колона, нема повредени

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски