(ВИДЕО) Петровска: Сум учествувала во дел од Студијата за гасоводот, ама не застанав целосно

Од:

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Ана Петровска, по објавата на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот Гасоводот на Водно од 2011 година од страна на Јани Макрадули, призна дека била дел од неа, но и дека не застанала целосно зад сите мислења во Студијата.

-Ова е една Студија работена пред една деценија, не сум потпишала ништо ниту сум била консултирана за заклучоците, ниту знам кога е одобрена од Министерството за животна средина. Сум дала одредени елементи и поглавја, меѓутоа не можам да застанам да кажам дека целосно ја поддржувам. Јас не сум ја одобрила и не сум застанала зад нејзе, рече Петровска за Студијата за гасоводот.

Во заклучоците од Студијата од 2011, а во чија изработка учествувала Петровска, пишува дека гасоводот на Водно нема да влијае врз квалитетот на животната средина. Петровска денеска изјави дека гасоводот не требало да помине.

-Гасоводот не требаше да помине, но тоа требало да го кажат членовите од тимот кои што биле одговорни за влијанијата врз билошката разновидност.

На прашањето зошто не излегла во поддршка на зелените активисти кога Владата, Градот и активистите постигнаа компромис, таа кажа дека тоа би било лицемерно.

-Јас во 2018 без назначена како државен секретар, јас како дел од тогашната Зелена партија бев дел од отпорот, но надвор на улици не сум учествувала зашто бев дел од институциите и одлучив да не бидам лицемерна кон институцијата во која во тој момент сум била на функција, рече Петровска.

Јани Макрадули кој вчера беше посочен од кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска дека тој го водел проектот за гасовод на Водно, реагираше дека е непријатно изненаден од нејзиниот коментар со кој ја префрла одговорноста на него.

Макрадули на својот ФБ профил ја објави Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот Гасоводот на Водно од 2011 година, каде посочува дека Петровска е еден од авторите.

-За таа траса, одобрена и препорачана од Петровска, дека не влијае штетно на природата, граѓанските организации реагираа, а во координирана акција на неколку владини институции во 2018-та година:

Од првичниот проект, направена е измена на трасата, и со тоа за 70% се намали должината каде се сечеа дрвца, напиша Макрадули.

Петровска денеска демантитраше дека потпишала документ со кој се одобрува изградба и на мали хидроелектрани.

-На последната ТВ дебата еден од моите противкандидати туткаше едно ливче инсуинирајќи дека сум ставила потпис на 22 мали хидроелектрани. Сакам да покажам на јавноста како изгледа тој документ и да докажам дека тоа не е решение, туку е писмо кое државниот секретар по службена должност препраќа информација потпишана од министерот, од стручните служби проверувајќи дали се административно исполнети сите правила, до генералниот секретар на Владата.

Ова значи дека државниот секретар ја проследува само информацијата. Не сум учествувала во издавање на ниту едно решение ниту дозбвола за изградба на малите хидроелектрани. Државниот секретар нема никаква надлежност врз сите постапки кои се однесуваат на издавање дозволи или решенија.

Да бев вклучена во валкани бизниси, немаше да застанат зад мене толку голем број граѓански здруженија и граѓански организации против моето разрешување од инспекторатот за животна средина. Не прифаќам било какви шпекулации со цел да се наруши мојот углед и чест кој го уживам, рече Петровска.

Би можело да ве интересира

Стефанов доаѓа на местото на Макрадули во Македонски пошти

А1он

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска