СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Од:

Финансиската полиција по нарачка штанца кривични пријави притив неистомислениците на власта и сите што ја критикуваат додека го штити криминалот на Мицкоски. СДСМ доставува пријави, документи, докази и информации за сериозни случаи криминал, корупција и злоупотреби тешки 200 милиони евра. Никој не презема ништо. Поднесуваме пријави за загрозување на најважното, здравјето на граѓаните. А од Финансиска полиција, Обвинителство, судство, сите под контрола на Мицкоски молк. Само кога Мицкоски ќе каже кого треба да гонат, се будат, поднесуваат кривични пријави по нарачки. Но кога СДСМ доставува документи и пријави за функционери на власта – настанува тишина, се вели во соопштението од СДСМ што го пренесуваме интегрално:

Нема одговор за кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар. Нема за предметите за криминалните тендерите од 200 милиони евра.

Никој не одговара за Кочани, за 5 тони дрога преку граница, за пуштањето на Ива Михаилова, за нападот врз младите во Ново Село, за 5.5 милиони евра за еден диџеј.

Никој не одговара за тендерот во Пошта за знам од 1.2 милиони евра

Кривичната пријава против Христијан Мицкоски експресно беше отфрлена.

Ама кога Мицкоски ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат.

Законите треба да важат за сите подеднакво. Но тоа не е така со арамијата Мицкоски и ВМРО и институциите под нивна котрола.

Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка, класичен политички прогон.

Како е можно некој да добие кривична пријава затоа што не исплатил јавни средства за договори кои веќе биле истечени?

Тоа е клучно, отсуство на правен основ за исиплата – во конкретниот случај договор за јавна набавка.

Дополнително, станува збор за затекната состојба за период пред неговото назначување.

Самоволието на ВМРО не е правда туку неправда.

Сите треба да знаат дека доаѓа времето правдата и вистина и за сите злоупотреби ќе се одговара.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата