Кривична пријава за Јани Макрадули, како директор на „Пошта“ не платил фактури на две фирми

Од:

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето Ј.М., поранешен генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост и претседател на Управниот одбор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Финансиска полиција, во периодот од 2021 до 2022 година, пријавениот, постапувајќи спротивно на Статутот на друштвото и Законот за трговските друштва, не презел дејствија за реализација на одлуки и заклучоци на Управниот одбор за исплата на парични обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19.292.984,00 денари.

-И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање. Со ваквото постапување овозможил против друштвото да бидат поведени судски постапки, по што со судски пресуди биле утврдени обврски за плаќање казнена камата – наведуваат од Финансиска полиција.

На овој начин, на АД „Пошта на Северна Македонија“ и била предизвикана вкупна штета од 10.968.483,00 денари по основ на казнена камата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Кривични пријави за екс директорка и шефица на финасии во „Лотарија“ за проневера на 80 илјади евра

Не пријавиле даноци и присвоиле стока: Финансиска полиција поднесе кривична за штета од 12,6 милиони денари

Финансиската полиција откри даночно затајување од 3,85 милиони денари при увоз на текстил

Вработен на Меѓународниот Универзитет Тетово украл над три милиони денари што ги уплаќале студентите

Катерина Ѓуровски

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 4,6 милиони денари