Кривични пријави за екс директорка и шефица на финасии во „Лотарија“ за проневера на 80 илјади евра

Од:

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица од Државна лотарија поради сомнение за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги.

Првопријавената А.Н., директорка на Секторот за финансии и сметководство, заедно со Д.Д., шефица на финансиски работи, во текот на 2024 година, според пријавата, не уплатиле и депонирале на сметките на Државна лотарија дневен промет во вкупен износ од 46.038.720 денари.

Од банкарските сметки на друштвото, како што соопшти Финансиската полиција, двете лица подигнале и противправно присвоиле 33.950.724 денари.

За прикривање на недостигот, според сомненијата, префрлале пари меѓу банкарските сметки на друштвото, креирале налози за трансакции и прикажувале фиктивни уплати и исплати. Наводно изготвувале и користеле невистинита финансиска и сметководствена документација, вклучително и фиктивни касовни исплати, со што средствата биле раскнижувани на различни сметководствени конта.

Со овие дејствија, според Финансиската полиција, двете пријавени лица прибавиле противправна имотна корист, а на Државна лотарија ѝ предизвикале имотна штета од 79.989.444 денари.

Во рамки на истрагата, во координација со ОЈО Скопје и врз основа на судски наредби, вчера биле извршени претреси на пет локации – четири во Скопје и една во Валандово.

При претресите биле пронајдени и одземени оригинална сметководствена документација поврзана со Државна лотарија, мобилни телефони, лаптопи, USB-уреди, надворешни хард-дискови и друга електронска опрема, како и пари, злато и златен накит, накит „Сваровски“, поскапи часовници и брендирани чанти, меѓу кои „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“.

Дополнително, во соседен двор во близина на една од претресуваните локации била пронајдена и одземена фрлена документација за која се смета дека е од интерес за постапката.

Двете пријавени лица биле лишени од слобода.

Од Финансиската полиција информираат дека предметот произлегува од наодите во ревизијата спроведена од Државниот завод за ревизија во Државна лотарија.

Би можело да ве интересира

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите

Кривична пријава за Јани Макрадули, како директор на „Пошта“ не платил фактури на две фирми

Катерина Ѓуровски

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

А1он

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Видеолотарија Касинос Австрија исплати 54.345.757 денари за ВЛТ Џекпот добивки во септември