(ВИДЕО) Официјално блокиран буџетот на Град Скопје: Скопјани оставени на милост и немилост

Од:

И официјално е блокиран буџетот на Град Скопје, обелодени на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска. Со ова скопјани се оставени на милост и немилост, не може да се рерализира ниту еден од планираните проекти. Ниту ФК Вардар ќе добие помош, ниту граѓаните ќе ги добијат планираните субвенциите поради економската криза, вели Арсовска.

Според градоначалничката виновник за оваа состојба се советниците на ВМРО ДПМНЕ.

„На седница за ребаланс на буџетот, советниците на ВМРО ДПМНЕ, го блокираа градскиот буџет со поднесување на нестручни амандмани. Дека буџетот е блокиран официјално не извести и Mинистерството за финансии. Тој не може да се вчита во Министерството за финансии. Вмро има една цел а тоа е блокирање на градот Скопје, бидејќи се инаетат иако беа предупредени од страна на стручните служби дека во оваа форма амандманите ќе го блокираат буџетот и градот Скопје, тие одбија да ги преработат амандманите. Славевски и советниците на ВМРО ДПМНЕ ги исполнуваат само желбите на нивниот лидер Мицкоски и не се грижат за граѓаните, изјави градоначалничката Арсовска.

Арсовска информираше дека поднеле преставка, бараат свикување на итна седница на која ќе се изнајде решение за блокадата на буџетот на град Скопје, а штетата ќе се обидат да ја надминат, без да прецизира како.

„Лично ќе се заложам да се надмине оваа состојба. Но со блокирањето на буџетот сите проекти е невозможно да се реализираат“ изјави Арсовска

Во однос на прекинот на превоз на приватните превозници Арсовска децидна дека долг нема.

„ Oд 01.06.22, до овој момент исплатени се 111 милиони денари од вкупно фактурирани 120 милиони денари, во однос на обврските кон „Слободен превоз“, односно дека нема долгови. Тоа го докажува и финансиската документација на ЈСП, За „Макекспрес“, за последните 6 месеци, има фактурирано 44 милиони денари и сите се платени. Ги повикувам преставниците на овие два превозника овие протести што ги најавуваат да ги префрлат пред седиштата на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, кои и ги предизвикале долговите од изминатите години“ изјави Арсовска.

Според неа приватните превозници не си ги исполнуваат обврските.

Жал ми е што во повеќе јавни претпријатија се политизираат работите на штета на граѓаните. Со договорот за соработка со ЈСП кои го имаат, тие имаат обврска да ја фискализираат наплатата на билети и апелирам до УЈП да излезе и да контролира дали е тоа така, зошто граѓани се жалат дека не добиваат фискални сметки. Исто така доцнат, а не одржуваат и соодветно ниво на хигиена. “ вели Арсовска.

Приватните автобуси на „Слобода превоз“ на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 денеска не возат поради немање пари за нафта затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не им го исплатил долгот, додека линиите 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73 продолжија да оосбраќаат.

Од друга страна, приватните превозници од компанијата „Мак-експрес“ исто така поради неисплатени долгови од ЈСП односно Град Скопје прекинаа со превоз на нивните линии.

Би можело да ве интересира

Славески: Се соочуваме со големи опструкции од страна на градоначалник и администрацијата на Град Скопје

Совет на Град Скопје: Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници

Арсовска: Мицкоски ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Данела Арсовска нема да се кандидира за втор мандат