На социјалните мрежи вечерва се шири ново видео со испад на централниот Плоштад во Скопје. На видеото се гледа како човек клекнат на колена се крсти и се поклонува пред споменикот на Цар Самоил. Го осветлуваат фарови од автомобил оставен пред споменикот со четири вклучени трепкачи.
И тоа не е се од случувањата на плоштад pic.twitter.com/FK1wSZnO4A
— Оќеебрат ? (@zmicenamice) December 28, 2020
Во средата минатата недела арачиновец со автомобил со голема брзина влета на плоштадот и возеше меѓу новогодишните украси. Доби казна од 45 евра.
Плоштадот Македонија во Скопје е пешачка зона и влез со автомобили е забранет.