(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Од:

Беше вистински „крш и лом“. Сите дојдовме таму да се опуштиме, а некои малку ја поминаа границата, рече студент кој учествуваше на Дифовијадата во Македонија, пренесоа хрватските медиуми.

На социјалните мрежи продолжуваат да се шират видеа од дивата забава на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сите учествуваа во Охрид на, како што велат, традиционалниот собир на студентите „Дифовијада“.

Хрватските медиуми контактирале со хотелот во Охрид каде беше пријавено нарушувањето.

– Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем, изјави претходно хотелскиот менаџер во Охрид во Македонија.

Претседателот на загрепските студенти зборуваше за се и ја кажа својата страна на приказната.

-Тој кат воопшто не е од Загреб, ни потврди менаџерот дека за таа соба се виновни инсталациите и дека не е намерно запалена. Постојано бев некаде и не можам се да контролирам, но веднаш и пишавме на групата да нема прават проблеми, изјави вчера Мартин Стојчевиќ, претседател на Студентскиот сојуз на КИФ.

Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид