Скопјанка прегазена на улица во Охрид

Од:

МВР информира дека вчера околу 10:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки управувано од 52-годишниот Б.Х. од Охрид, удри во 79-годишната М.Н. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби М.Н., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека Б.Х. го управувал возилото иако имал изречена активна забрана за управување.

По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

На тротоар прегазена 74 годишна радовишанка

А1он

Камион прегази жена во Нови Пазар – таа заврши под задните тркала

А1он

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ