(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Од:

Полицаецот од Битола кој со клоци и тупаници тепаше момче од ромска националност е осуден на казна затвор од една година. Тој беше обвинет за кривично дело малтретирање во вршење на служба, за кое е предвидена казна од една до пет години затвор. Судот утврдил дека полицаецот, го совладал момчето на земја за да го уапси, продолжил да го мава со боксови и клоци по телото и главата.

Последнава одлука за казна затвор доаѓа откако предметот беше досуден, па Апелација ја укина пресудата и го врати предметот на повторно одлучување. Двете одлуки на првостепениот суд се идентични. За овој предмет се одржани рочишта на кои се сослушани сведоци, изведена е снимката која беше и јавно објавена, а сослушан е и докторот кој го третирал повреденото момче.

Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот Комитет за човекови права ја поздравуваат ваквата одлуката на судот.

„Истакнуваме дека ваквиот став на судот и при повторното судење, е од енормно значење поради тоа што е меѓу првите првостепени пресуди каде се изрекува ефективна казна затвор за полициски службеник поради употреба на прекумерна сила кон оштетено лице за кривичното дело Малтретирање во вршење на службата, член 143 од Кривичниот законик. Досегашна судска пракса е изрекување на условна осуда за полициски службеници дури кога е утврдена употреба на прекумерна сила при пречекорувањето на полициските овластувања“, велат од Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот Комитет.

По претепувањето на момчето, први одговорност побараа од граѓанската организација „Аваја“. Тие ја споделија снимката која била направена од случаен минувач. Од МВР започнаа интерна истрага, го утврдија идентитетот на полицаецот и го расчистија случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Пронајдено е детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот

(ВИДЕО) МВР: Претрес во дом кај двајца полициски службеници, пронајдено е оружје

Полицаец оставил куче затворено во кола час и половина, умрело: Поднесена му е кривична за убивање и мачење животни

Катерина Ѓуровски

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Горан Наумовски

Отворена оперативна акција „Пожар 2024“: Целосна мобилизација на МВР во спречување и справување со пожарите

Кривична пријава за 36-годишник за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново