ВИДЕО: Нападната новинарската екипа на „Ал Џaзира“ за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Новинарската екипа на „Ал Џaзира“ е нападната за време на протестот против поскапувањето на струјата, кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ. Новинарката Милка Смилеска, која го следела протестот заедно со снимател, вели дека причината за нападот е медиумот за кој известуваат. Таа случајот го пријави најпрво кај полицаец кој го обезбедуваше протестот, а сега, изјава за случајот дава во полициска станица.

Dečkoto na prvoto video što go prijaviv na policaecot, ne napadna so kolegata Jorde i mi go butna mikrofonot dodeka…

Posted by Smilevska Milka on Среда, 09 септември 2020

„Дечкото од првото видео што го пријавив на полицаецот, не нападна мене и колегата Јорде и ми го бутна микрофонот додека снимав изјава. Претходно ме праша дали сум од ‘Ал Џaзира’ и тоа беше повод за нападот. Полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава. Јас нема да го тужам. На второто видео се слуша кога микрофонот паѓа. Кога го приведе, полицаецот, не сакаше да се легитимира. Нема потреба од агресија, борбата треба да е со аргументи и дела. Демократијата значи и различни медиуми, ако некој не ви се допаѓа, не го гледајте или читајте, но не го напаѓајте физички“, напиша новинарката Смилеска на социјалните мрежи.

Од видеата кои таа ги објави се гледа како лицето од кое новинарската екипа тврди дека била нападната, негира дека го направил тоа. Од другата снимка се слуша како микрофонот удира на земја, откако, акко што сведочи Смилеска, учесникот на протестите насилно `и го турнал.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина