ВИДЕО: Милошоски со транспарент од собраниската галерија го блокираше говорот на Јовески

Од:

„Господине Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба“, со овој транспарент пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Антонијо Милошевски се обидоа да го блокираат говорот на јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Тие не седеа на местата предвидени за пратеници, туку на местото од каде новинарите ја следеа расправата за законот за јавното обвинителство.

Претседателот на комисијата за политички систем, Александар Кирацовски на кратко ја прекина расправата.

Тој им се обрати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги молам колегите од ВМРО-ДПМНЕ да се воздржат од овој циркус“, кажа Кирацовски.

По ова Милошоски придружуван од пратениците Дафина Стојановска и Горан Манојловски ја напуштија новинарската галерија.

Инаку, пред одржувањето на јавната расправа, еден од условите на опозицијата беше да се одржи таа и да биде присутен Јовески.

Би можело да ве интересира

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

ВИДЕО: Политиката го крои и гостиварското обвинителство, Арслани го делат денови од победа за шефовското место

Кристијан Ландов

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов

Маричиќ, Јовески и Здравев ќе ја презентираат методологијата за прочистување на правосудството

Ана Ололовска

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска