(ВИДЕО) Лазаревски: Сега ќе имавме диктатура, ако не откриевме дека се прислушува

Од:

Ѓорѓи Лазаревски, еден од луѓето без кои јавноста никогаш немаше да ги слушне „бомбите“ што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за време на дебата во рамки на првиот „Истражувачки филмски фестивал“ во Скопје, се осврна на ризиците и опасности со кои се соочил за време на работењето во Петтата управа на МВР, одлуката да ги зачува и пријави прислушуваните разговори и понатаму обвинението против него за шпионажа и 11 месечниот притвор.

„Она што го правевме беше многу опасно, снименото не го објавивме во ниту еден медиум зашто со тоа ќе ги ризикувавме нашите животи. Ексдиректорот на УБК беше тој што умееше да го пронајде најбезбедниот начин за да ги зачува бомбите“, се потсетува Лазаревски кој заедно со колегата Звонко Костовски три години ги собирале нелегално прислушуваните разговори со цел да ја обелоденат вистината, а материјалите подоцна му ги давале на Зоран Верушевски.

Тој раскажа дка во МВР отишол како гостин на негово барање за да се утврди врската со Зоран Верушевски и да соопшти дека ги имаат доказите за незаконското прислушување

Цело време размислуваме како да го пријавиме прислушувањето, а да не бидеме загрозени. Решивме да се вклучи нашиот поранешен директор, и тој за среќа прифати. Нас ни беше целта да собереме докази дека тоа илегално се прави, а бевме фрапирани од тоа дека и меѓу себе се контролираат. Во сето тоа имаше многу докази за сериозен криминал.

Јас побарав да одам во МВР да расчистиме каков е мојот однос со Верушевски. Тие што го организираа разговор се надеваа дека ќе негирам дека имам некаков однос со Верушевски. Тие беа сигурни дека ќе речам дека не го познавам, не знам. Човекот беше таму заради мене, да не му кажев што се случува тој немаше да биде инволвиран. За жал мораше да биде откриено и дека Звонко е инволвиран, тој го потврди истото што го кажав и јас.

За жал истрагата не ја водеа обвинителите, туку на многу повисоко ниво, и кога имате таков обвинител ко мисли дека знае се, смислија сценарио кое беше провидно и кое веднаш падна во извештајот на Прибе. Се беше јасно.

Истовремено додека подготвуваа приказна за жолти комбиња, беа принудени да признаат дека двајца луѓе од Петттата управа се инволвирани во целиот случај и дека материјалите се од Петта управа Потоа и со жолто комбе и со Петта Управа малку испаѓате смешни. Звонко е јунак кој ги извади бомбите, кој го уништи системот од внатре.

Искрено се надевам дека свиркачите ќе добијат многу подобар третман од државата, зошто тие се луѓето кои ја контролираат апсолутната власт. Ние бевме многу блиску до диктатура, можеби и бевме, ама тоа што се спремаше да стане беше апсолутизам тежок и никогаш повеќе не смееме да дозволиме да се повтори.

Би можело да ве интересира

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов

Џолев ќе одлучи дали ќе побара разрешување за поротникот кој може да врати четири предмети на СЈО од почеток

Кристијан Ландов

Во Италија државата прислушувала новинари кои ја истражувале миграцијата

Жарко Настоски

Српската полиција собрала докази дека Вучиќ бил нелегално прислушуван

Жарко Настоски

Јавното обвинителство ќе им понуди вонсудска спогодба на вработените во СЈО

Ана Ололовска