ВИДЕО: Куп млади се гужваа во струмички „Аватар“, ниту дистанца, ниту маски

Од:

Струмичани и вчеравечер до доцна во ноќта се забавуваа со диџеј, а потоа и со српскиот рапер Девито во струмичкиот клуб „Аватар“. Објектот кој е од затворен тип беше преполн, а меѓу младите немаше дистанца, ниту пак, некој од присутните носеше заштитни маски. Ова не е првпат клубот да организира журки, а ниту пак, да не се почитуваат протоколите за заштита од коронавирусот.

Посетители на клубот се најчесто адолесценти, меѓу кои, песните на српскиот рапер се популарни. Во клубот, никој од присутните не размислува на мерките, иако Струмица вчера беше втор град по бројот на заболени, односно имаше 21 нов регистриран случај.
Инспектори на Пазарната инспекција и вчера влегоа во струмички „Аватар“, против кого ќе биде поднесена кривична пријава. Досега, инспекторите двапати поднесоа кривични пријави, од кои, за едната има и пресуда од судот, и е платена.

Освен во Струмица, забави имаше и во Скопје. Клубот „Мош“ втора вечер по ред организираше настап на Владо Георгиев и инспекторите по втор пат констатираа прекршување на протоколот. Истовремено, забава имаше и на улица „Македонија“ во локалот „Гнездо“ каде не се почитувале мерките, а тие ќе бидат казнети за пренесување на заразна болест постапувајќи спротивно на прописите и непостапувањето според здравствени протоколи сред епидемија.

Би можело да ве интересира

Затворен угостителски објект во Боговиње поради непочитување на ковид мерките

Ана Ололовска

Извршени 2.608 надзори и контроли последната недела, затворени пет угостителски објекти

Ана Ололовска

Затворени угостителски објекти во Дебар, Кичево и Охрид, работеле по дозволеното време

Ана Ололовска

Пет угостителски објекти во Струга не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19

Ана Ололовска

Пазарниот инспекторат годинава планира 19 211 надзори, најмногу вонредни поради пандемијата, ризични секторите трговија и угостителство

Ана Ололовска

Струмичани славеле роденден и се фалеле на Фејсбук, добија кривични пријави

Жарко Настоски