ВИДЕО: Кумановка претворена во огромен контејнер – се полнат колички со отпад и се фрлаат во реката

Од:

Беше 2008 година, кога кумановските власти гордо го најавија проектот „Кеј“ на реката Кумановка, за, како што изјавија тогаш, да се заштити еколошката катастрофа што ѝ се заканува. Тогаш, дури и рибарите изјавуваа дека се оптимисти дека во реката Кумановка ќе се вратат и рибите.

Граѓаните изјавуваа дека е точно дека реката донекаде е загадена, велеа дека се шири смрдеа, но ништо од тоа не беше премногу еклатантно.

Оттогаш поминаа 13 години. Од надежта на рибарите дека некогаш ќе можат да ловат риби во реката Кумановка, сега таа изгледа вака:

Како да е контејнер, луѓето од околните куќи си го носат ѓубрето во кутии и си го фрлаат во реката, поминувајќи по нестабилниот дрвен мост. Друга кумановка, оди уште подалеку – со количка го носи ѓубрето и го фрла во реката, додека нејзината придружничка во реката го тресе чаршавот или кебето од прашина. Реката Кумановка повеќе не е река, сега е буквално контејнер за отпад, а дел од жителите се однесуваат како тоа да е нормална појава. Жално е дури и да се нарече река, бидејќи личи на дупка полна со смет.

„Како што се казнуваат луѓето за неносење маски, така треба да постојат казни и за вакви случаи. Живееме како во Бангладеш“, реагираат кумановци.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски не одговори на нашите повици и на прашањето што се презема за расчистување на реката Кумановка, дали се планираат санкции за несовесните граѓани и дали загаденоста на реката се должи само на индивудуалната неодговорност.

Последна објавена вест за расчистување на реката Кумановка на веб-страницата на општината е во 2017 година, но очигледно дека оттогаш не е преземено ништо повеќе.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Перински: Министерството за локална самоуправа активно се вклучува со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца