Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

Од:

И покрај бројните пораки на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека на Госпиќ и Личко-сењската жупанија во санирањето на нелегално одложениот опасен отпад нема да им помогне протестот, туку извршната власт, за утре во Загреб е најавен масовен протестен собир.

„Фондот за заштита на животната средина донесе четири одлуки кои се важни, а посетата дојде во моментот кога Владата носи решение за отпадот на локацијата на поранешниот ППК Велебит. Ја разбираме загриженоста поради одложениот отпад. Тој отпад завршил таму врз основа на одлуки на жупаниските тела, а не на Владата“, рече Пленковиќ на денешната седница на Владата.

Станува збор, сепак, за проблем со незаконски одложен опасен отпад, на кој граѓаните на Госпиќ ја предупредувале Владата во изминатите 18 месеци, но до неодамна никој не ги слушал.

Проблемот ескалирал откако Државното обвинителство на Република Хрватска (ДОРХ) одобрило јавно објавување на стручна анализа, која покажала дека станува збор за опасен отпад што претставува ризик за животната средина и здравјето на луѓето.

Во првата јавна реакција на Владата, Пленковиќ ги обвини опозициските партии за проблематизирање на темата со отпадот, а целиот случај во повеќе наврати го спореди со падот на настрешницата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица, меѓу кои и деца.

Споредувајќи ја таа трагедија со случајот со опасниот отпад, Пленковиќ рече  дека е очигледно дека во Хрватска се сака да се преслика ситуацијата низ која од тогаш поминуваше Србија, односно дека опозицијата и уште некои сакаат со создавање паника да освојат политички поен.

Протестот што ќе се одржи утре Владата го смета за политички, додека Иницијативата „Госпиќ е нашиот дом“ го смета за граѓански протест за заштита на животната средина.

Протестот го поддржа и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој смета дека Госпиќ и Лика имаат право на тоа.

Во Загреб е најавено пристигнување на најмалку седум полни автобуси од Госпиќ, а два ќе тргнат од Оточац, додека многу жители на Лика ќе пристигнат со сопствени автомобили.

Загреб во пресрет на протестот осамна облепен со плакати со кои граѓаните се повикуваат на утрешното собирање под мотото „Оди за Лика, оди за Хрватска“.

Според досега објавените информации, организирано со автобуси кон Загреб ќе пристигнат граѓани од Госпиќ, Оточац, Пула, Раб, Сињ, Сплит и Риека. Најавени се најмалку 12 автобуси, а организаторите очекуваат и голем број граѓани кои ќе дојдат во сопствена организација.

Од Иницијативата велат дека протестот не сакаат да го врзуваат за ниту една политичка опција, туку го претставуваат како граѓанско собирање за заштита на Лика, водата, почвата и животната средина.

Доаѓањето го најавиле групи од различни делови на земјата, а поддршка на протестот во последните денови дале синдикати, здруженија и бројни јавни личности.

Би можело да ве интересира

Пријава против мотоциклист, и покажа среден прст на полициска камера – казната е најмалку 700 евра

А1он

Марта Кос со порака до Србија за погребот на Ратко Младиќ: „Се надевам дека знаат што ризикуваат“

Акција во Србија: Уапсени тројца осомничени за киднапирање и малтретирање на пет странци: Барале 30.000 евра откуп

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Српски инфлуенсер уапсен во Сплит поради четнички тетоважи: ќе биде протеран од Хрватска

Предраг Петровиќ

Сараево бара Хаг да реагира за погребот на Младиќ: Може ли некој да ја спречи Србија?

Предраг Петровиќ