(ВИДЕО) Криминална група вршела убиства и набавувала кокаин од Латинска Америка – Спасовски вели: Ќе се зачудите кој се е вмешан

Од:

Во текот на денот ќе бидат поднесени кривични пријави против 16 лица кои учествувале во меѓународна организирана криминална група со седиште во Македонија, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Има инволвирани во многу институции. Во МВР, во други институции, во министерства, во судови. Во наредниот период ќе видите кој се бил вмешан. Можеби ќе се зачудите кој се бил вмешан, но тоа еднаш мора да излезе и да се покаже кои се тие кои во одреден момент самите викаа држете го крадецот, а во суштина, тие биле самите“, кажа Спасовски.

Тој посочи дека дел од сега осомничените лица се веќе во странство, додека пак едно е фатено во Шпанија и веќе е лишено од слобода, а во соработка со Европол, ќе се работи на лишување од слобода. Освен лицето во Шпанија, уапсени се и 6 други лица. За останатите, МВР има информации каде се наоѓаат. Овие инфомрации доаѓаат по денешните претреси во Грчец, Дуќанџик, Чаир и други локации.

„Денеска Бирото за јавна безбедност под раководство на обвинителството за гонење на организиран криминал, а со поддршка на Европол, презеде координирани мерки и активности со цел лишување од слобода на лица за кои постојат основи на сомнение дека биле инволвирани во набавка на кокаин, вршење на тешки кривични дела убиства. Денешните активност на полициските службеници од БЈБ се резултат на повеќемесечна истрага раководена од јавните обвинители од ОЈО ГОКК, во рамки на кои беа обезбедени доволни докази дека во период од декември 2019 до март 2021 година, на територијата на РСМ, пријавениот Ш.М. (Шеваљ Муареми), заедно со уште две лица, сега починатите О.Б. и Ј.К. организирале криминална група чии припадници биле повеќе лица. Организираната група била формирана со цел вршење кривични дела убиство од безобзирна одмазда и по порачка од користољубие, при што лицата организатори носеле одлуки и создавале планови, кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот, а плановите и одлуките ги спроведувале лично или преку припадници на групата кои ги прифаќале или извршувале“, рече Спасовски.

Тој посочи дека групата набавувала кокаин од Колумбија, Еквадор, Бразил, Перу и Боливија како и пренесување на дрогата до земјите од Европската Унија, а дел бил наменет и за нарко пазарот во Македонија.

„Оваа група договорите ги правела преку непосредни контакти, или преку енкриптирани телефони преку апликацијата „Скај“. Оваа организирана криминална група организирала две набавки и транспорти на кокаин од латино американските држави до ЕУ и Република Северна Македонија. Транспорт на 435 кг кокаин, набавен од Бразил и транспортиран до Белгија, количина која е запленета од страна на цариниците. Дел од количината била за Република Северна Македонија. 106 кг од Перу до Ротердам, Холандија, а дел бил за Република Северна Македонија. Организирале неколку транспорти од Белгија до РСМ и од Албанија до Република Северна Македонија. Во еден случај бил организирано пренесување на 6 кг од Белгија до Република Северна Македонија, во два случаи по 4 кг, а во еден случај 1 кг кокаин од Албанија до Република Северна Македонија“, посочи Спасовски.

Со оваа група се поврзуваат и неколку убиства, меѓу кои и двојното убиство во Топанско поле од 2021 година, убиство на албански државјанин, како и еден обид за убиство.

„Припадниците на оваа група која дејствувала и меѓународно, како резултат на криминалните активности се стекнале со значителни финансиски средства кои ги инвестирале во изградба на луксузни куќи, купување на недвижности, изградба на луксузни угостителски објекти кои веќе се дел и предмет на финансиски истраги, со цел нивна конфискација. Обезбедени се докази дека организаторот Ш.М. заедно со членовите на групата организирале и извршиле обид за убиство на лице од село Бардовци, убиство на албански државјанин чие тело беше пронајдено на 15 мај во село Горна Матка, Скопје и двојното убиство кога во Скопје беа убиена А.Б. и Б.В. во Топанско Поле“, посочи Спасовски.

Би можело да ве интересира

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он