(ВИДЕО) Костадинов: Како од толку професори, Мицкоски бил асистент токму кај неговиот татко?

Од:

„Христијан Мицкоски должи одговори пред граѓаните за тоа на кој начин ја изградил академската, професионална кариера.

Јавно достапните информации се основан сомнеж дека тоа можеби го направил преку непотизам, благодарение на неговиот татко Иван, етаблиран професор на Машинскиот факултет“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Што покажуваат фактите?

Мицкоски магистрирал и докторирал на факултетот каде што предава неговиот татко. Потоа Мицкоски станува и негов асистент. Да, од толку многу професори Мицкоски бил асистент токму кај неговиот родител.

Ова е распоредот на предавања на Машински факултет за летниот семестар во учебната 2015/2016 година. Јасно се гледа дека на трите предмети што ги предава професор Иван Мицкоски, асистент не бил никој друг туку неговиот син Христијан.

Дополнително, во сите книги и учебни помагала наведени во биографијата на Христијан Мицкоски (објавена на веб страницата на МФ) како ко-автор е наведен токму неговиот татко, професорот Иван.

Секој политичар којшто ја бара довербата во граѓаните мора искрено и чесно да одговори на сите прашања, особено кога станува збор за прашања кои што го доведуваат во прашање неговиот кредибилитет.

Мицкоски треба да излезе во јавноста и да објасни како ја градел неговата академска кариера?

Како тоа, од толку многу професори, Христијан Мицкоски бил асистент токму кај неговиот татко?“, праша Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство