(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

Од:

Бугарија е најголемиот непријател во очите на македонските граѓани, а земјата се движи во погрешен правец, сметаат најголемиот дел од испитаниците во истражувањето на јавното мислење кое го направи Центарот за европски стратегии „Евротинк“, „Еврометар 2023“.

Најголем процент од испитаниците кои гледаат закана, сметаат дека во овој момент тоа е Бугарија (79%). Овој одговор е најчест помеѓу етничките Македонци (44%) и поддржувачите на ВМРО – ДПМНЕ (89,7%), а кај СДСМ (80,4%).

Како второ спомената “закана” е споменета Русија (6,3%), по случувањата во Украина, и овој одговор е повеќе присутен кај помладите испитаници и испитаниците од албанска националност. За најголем пријател пак со речиси 40 проценти е Србија.

Во однос на фундаменталните општествени вредности, високи 56% од испитаниците сметаат дека нема демократија; ова се смета пад за 5 %, споредено со 61% кои се изјасниле во 2022 година.

Исто намалување на општото незадоволство се отсликува преку мислењето на граѓаните за правецот на државата, каде од 72% во 2022, сега во 2023, 62% сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока.

И покрај зголемениот скептицизам во врска со влезот на Северна Македонија во Европската Унија, 53% се согласуваат дека влезот во ЕУ е добра работа за земјава во 2023 споредено со 49% во 2022, додека 30% не мислат така.

30% од испитаниците мислат дека Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ, 12% сметаат дека тоа ќе се случи за 5-9 години, 10% сметаат дека тоа би се случило во наредните 5 години, 18% за 10-14 години, 15% за 15-25 години, и 9% сметаат дека тоа ќе се случи за повеќе од 26 години.

Сите наведени теми поврзани со членството во ЕУ може да се каже дека испитаниците ги сметаат како важни, а посебно се истакнува судството и фундаменталните права каде 54% сметаат дека е тоа Екстремно важна работа за пристапниот процес и самите преговори за влез во ЕУ, 52% ги истакнуваат правдата, слободата и безбедноста, темите за Социјална политика и вработување 48%.

Анкетата е спроведена во текот на септември 2023 година на репрезентативен примерок од 1003 испитаници, од страна на агенцијата БРИМА на повеќестепен стратификуван случаен примерок на популација 18+ години, дизајниран според податоците објавени од Државниот завод за статистика и се базира на податоци од Пописот 2021.
Испитувањето на јавното мислење е спроведено во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Анкета: Речиси 70 отсто од Французите ги поддржуваат протестите поради растот на трошоците за живот

Горан Наумовски

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски