(ВИДЕО) Хан предупреди дека будното око на ЕУ ќе ја следи политичката разврска

Од:

Имаше внатрешна политичка криза која се уште не е разрешена. Меѓународната јавност ја следеше таа состојба. Немојте да мислите дека ако работите не одат во вистинскиот правец дека вниманието повторно нема да се насочи кон земјата, предупреди еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на денешната прес конференција со премиерот, Никола Груевски.

Обраќањето до медиумите следеше по тричасовниот дијалог на високо ниво за почеток на преговори со ЕУ меѓу владини функционери, претставници од опозицијата, народниот правобранител и претставници од Европската комисија.

-Ако се спроведе договореното ќе го преземем следниот чекор. Ќе направиме се за да ги убедиме земјите членки на Европската унија да ја намалат својата резервираност кон земјата – посочи Хан.

Во својата изјава тој уште една го поздрави изборот на специјалниот јавен обвинител и рече дека му преостанува на обвинителот да го преземе големиот предизвик.

Ги пофали граѓанските организации, со кои се сретна утринава, за нивната улога во развојот на демократијата. Следните избори, посочи Хан, ќе бидат организирани под мониторинг на меѓународната заедница и дека Европската унија ќе биде на располагање. Но прво, рече, потребно е соодветно изборна законодавство и дека изборниот законик треба да ја земе во обѕир етничката димензија на земјата.

-Европските аспирации се живи. Се преземаат мерки за да се одржат европските перспективи на земјата. Сигурно ЕУ ја извлече својата поука овој период. Ако земјата нема европска перспектива настанува проблематичен период. Сакам да ја видам Македонија во семејството на ЕУ, но останува многу да се работи. Ќе видиме каков ќе биде извештајот за напредок. За сега можам да кажам само дека релевантните политичари ја сфатиле одговорноста која ја имале во својата држава – изјави тој.

Хан се осврна и на бегалската криза, обвинувајќи ја Европската унија што до сега „не ја завршила својата работа како што треба.“

-ЕУ треба да си ја заврши својата работа. Бегалците не треба да заглавуваат во вашата земја и во Србија. Земјите од регионот не треба да станат паркинг. Ние европјаните треба да работите заедно со САД, земјите од заливот и Русија на политичко решение. Тоа е коренот на проблемот – додаде тој.

На почетокот на следната недела, најави тој, експерти од ЕУ ќе ја посетат земјата и ќе се сретнат со колеги од македонските министерства за да утврдат дали е потребна дополнителна финансиска помош со справување со бранот бегалци.

Би можело да ве интересира

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Хан: Западен Балкан и припаѓа на Европа

Ландов

Хан: Ситуацијата мора да се гледа со голема загриженост поради овластувањата на Орбан

Ана Ололовска

Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Драган Поповски

Хан: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Татјана Ташкова