(ВИДЕО) Заев: Очекувам до крајот на август да биде донесен законот за Јавно обвинителство

Од:

По средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, премиерот Зоран Заев истакна дека периодот кој преостанува до октомври треба да го искористиме да потврдиме дека се работи на состојбите во правосудството.

„Ни претстои работа и овој вакуум период треба да го искористиме да покажеме дека работиме на подобрување на системот на правосудството и она што е клучно да се усвои законот за јавно обвинителство. Да донесеме закон кој што нема да амнестира никој, ниту власта, ниту опозицијата. Претстои работа и очекувам до крајот на август или почетокот на септември да го изгласаме законот“, истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека земјава имала задача до јуни да испорача резултати во четири области – правосудство, јавна администрација, безбедносен систем и борба со криминал и корупција. Истакна дека РСМ била успешна на патот на реформите, како и дека континуирно работи на нив.

„Рекет е конкретен случај за борба против криминалот. Таа истрага треба да биде завршена да крај, без разлика до кој ќе води – дали до политичар, лидер на партија или сопственик на медиум. Ова не е важно само за ЕУ, туку поважно е за нас дома. Граѓаните треба да бидат сигурни дека владеењето на правото важи за сите“, рече Заев.

Премиерот посочи дека треба да се изнајде начин за ветинг односно проверка на сите носители на јавни функции.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија