Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

Од:

Поранешниот еврокомесар за проширување, денеска задолжен за буџетот на ЕУ, Јоханес Хан, за МИА се присети на кратко на потпишувањето на Преспанскиот договор пред две години и уверува дека Северна Македонија е на добар пат кон ЕУ.

-Пред две години, премиерите на Грција и Северна Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев потпишаа навистина историски договор. Се сеќавам многу добро на овој ден крај преспанското езеро, овој уникатен миг кој отвори пат за нов, пријателски однос помеѓу две земји кои со децении водеа горчлив спор, се присети Хан за МИА.

Иако процесот беше во рацете на Обединетите Нации и медијаторот Метју Нимиц, еврокомесарот Хан активно помагаше во олеснувањето на дијалогот помеѓу Скопје и Атина, раскажуваат дипломатите кои го следеа процесот од самиот почеток.

Решавањето на спорот со Грција беше клучен услов да се надмине блокадата во ЕУ за отпочнување на преговорите и влезот во НАТО.

-Преспанскиот договор означува храброст, визија, политичко лидерство и помирување и испраќа позитивен сигнал за регионот и пошироко, вели поранешниот прв човек на политиката на проширување на ЕУ.

Тој се присети на процесот на преговори помеѓу двете страни како “макотрпна работа и долги преговори за суптилни детали“, воден од министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕиас.

-Договорот беше клучен елемент за земјите членки на ЕУ да дадат зелено светло за отворањето на преговорите со Северна Македонија, која е сега на добар пат кон ЕУ. Горд сум и среќен што придонесов со мојот тим за овој успех кој отвори нови перспективи за луѓето од двете страни на границата. Пред сѐ, би сакал да им оддадам чест на сите што работеа за овој успех, одлика на вистински европски дух, надминување на споровите, преминување на границите и соработка за заедничка и мирна иднина, изјави Хан.

По пет години поминати на проширувањето, комесарот Хан сега е целосно посветен на изнаоѓање уште потежок компромис во ЕУ: договор за долгорочниот буџет на Унијата во време на најголемата економска криза на континентот по втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција