ДУИ: Преспанскиот договор ја закотви Македонија на вистинската страна на историјата

Од:

Пред седум години, Преспанскиот договор го одбележа историскиот пресврт за Република Македонија. Тоа беше чин на визија и државничка храброст, кој не само што го отвори патот за членство во НАТО, туку ја закотви земјата на вистинската страна на историјата, во срцето на евроатлантската заедница. Преспа ја претвори државата во регионален пример за решавање на сложени прашања преку дипломатија, и го постави Скопје како платформа за дијалог и стабилност на целиот Балкан. Но денес, седум години подоцна, ја гледаме најтешката девалвација на тој капитал. Владата, која треба да биде гарант на евростлантската ориентацијата на земјата, станува закана одвнатре, велат од ДУИ.

„Руски наративи се бранат од владини функционери, се гласа против Украина, Додик се дочекува како почесен гостин, а Охридскиот Мировен Договор речиси една година е предмет на систематска агресија.

Европската перспектива е замрзната, граѓаните се демотивирани и разочарани, илјадници ја напуштаат државата или бараат пат до Европа преку други пасоши, додека соседите чекорат напред во интеграциите.

ДУИ ги повикува сите политички и општествени фактори да не дозволат овие тешко стекнати достигнувања да бидат избришани. Преспа и ОМД не беа само компромиси, беа избор за иднината. А денес, повторно мораме да избереме: ќе дозволиме ли оваа генерација да биде генерација на поништување, или ќе станеме глас за заштита на европската иднина? Особено загрижува улогата на остатоците на ВРЕДИ, кои ги предадоа суштинските вредности што ги застапуваа Албанците со децении , вредности на европеизација, рамноправност и демократска зрелост. Наместо да бидат глас на напредокот, тие се претворија во алатка на манипулација, легитимизирајќи политики што директно ја уриваат проевропската ориентација на државата. Вистинската природа на овие политички структури излезе на виделина:, тие се привремени играчи во служба на антиевропски агенди, наглсуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Политички судир: ДУИ бара одговорност од Меџити за спорна исплата

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти