Премиерот за Преспанскиот договор: Ветувањата останаа неисполнети

Од:

Она што го води денес СДСМ, партијата што го донесе преспанскиот договор, на отворена сцена испраќа пораки полни со конструкции и лаги, но факт е и не смееме да заборавиме дека тогашните евробирократи ни ветуваа дека ќе имаме големи придобивки од потпишувањето на тој договор – бесплатно и поквалитетно здравство, образование, повеќе за младите, веднаш ќе влеземе во НАТО, веднаш ќе ги почнеме и ќе ги завршиме преговорите, но ништо од тоа не се случи. Ако се исклучи членството во НАТО, сè друго не се реализира.

Ова го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања во врска со осумгодишнината од потпишувањето на преспанскиот договор и соработката со јужниот сосед.

– Поучени од тие лекции од минатото, ние денес ја водиме нашата надворешна политика, политика која не е составена од полирање чевли на евродипломати во Брисел и коленичење, туку која се темели на аргументи. Така се бориме во овој момент и така создадовме пријатели. Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото. Но, ние сме подготвени да се бориме, се бориме и така ќе продолжиме – додаде премиерт Мицкоски.

Владата е свесна, рече, дека ќе има многу предизвици, но е подготвена да ги решава еден по еден.

– Никако нема да се предадеме. Битно е дека Македонија забрзува и дека како многупати во минатото, и овој пат ќе победиме – потенцира Мицкоски.

Тој е дециден дека нема никаков проблем да се сретне со сите соседи и да разговара на сите теми, па и за оние за кои не постои согласност од двете страни.

– Немам никаков проблем да се среќавам и да разговарам со сите соседи, претставници на влади од нашето соседство. Ние со нашиот јужен сосед работиме на многу проекти, меѓу кои и гасниот интерконектор, нафтоводот, прекугранични проекти… Со Киријакос Мицотакис сме во иста група, во европското семејство на народните партии, со Неа демократија сега се видовме во Тиват. Јас не живеам од стереотипи и антагонизам, суштината во животот е да создадете пријател повеќе и во рамките на тоа пријателство да размените ставови на некои состојби со кои не се согласувате. Не може за сè да се согласиме, но важно е да разговараме. Јас апсолутно сум подготвен со секого да разговарам на сите теми, па и за оние за кои не се согласуваме – истакна премиерот по посетата на реконструираната Општа Болница во општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра