(ВИДЕО) Хан бил член на бордот на директори на „Новоматик“

Од:

Според официјалната биографија на еврокомесарот Јоханес Хан, тој од 1997 до 2003 година работел како член на бордот на директори на „Новоматик“.

Австриската компанија „Новоматик“ позната во индустријата на игри, е присутна на македонскиот пазар како сопственик на казина. Во март 2014 година таа стана сопственик и на казиното „Фламинго хотел“ кај Гевгелија и најави нови инвестиции од 40 милиони евра во Македонија.

11428542_10204311626655088_787812255_n

„Новоматик“ во Македонија има четири одделни фирми. Освен „Фламинго“, ги поседува и казината „Адмирал“ и „Астра“ како и повеќе од 30 клубови со слот машини во речиси сите градови во Македонија.

Во вчерашната издание на „Вин вин“ на телевизија „24 Вести“, новинарот Васко Попетревски и новинарката Катерина Блажевска, го коментираа кредибилитетот и неутралноста на еврокомесарот. Попетревски рече дека до сега Хан се покажал како најслаба фигура на таа позиција.

-Јавноста мислам дека треба да го знае ова. За жал, перцепцијата за тоа дека Хан можеби не е доволно неутрален, не е само медиумска шпекулација. Доаѓам од еден собир на кој имав шанса да разговарам со повеќе дипломати во Скопје.

Денеска имало, еден од редовните координативни состаноци на амбасадори главно на земји членки на ЕУ, и еден од претставниците на една од влијателните земји членка, го поставил прашањето за неутралноста на Хан, поточно за неговите бизнис интереси во фирмата „Новоматик“. Оваа информација, со сигурност ви тврдам, е стигната до Хан, се ѕвонат телефони за да го разјаснат ова прашање. Но ако дипломат на влијателна земја членка си дозволил да го постави прашањето за неутралноста на Хан претпоставувам дека и ние сме тука некаде на вистинската трага околу оваа дилема – рече Попетревски.

Би можело да ве интересира

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Хан: Западен Балкан и припаѓа на Европа

Ландов

Хан: Ситуацијата мора да се гледа со голема загриженост поради овластувањата на Орбан

Ана Ололовска

Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Драган Поповски

Хан: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Татјана Ташкова