(ВИДЕО) Ексобар: Нема да му вршам тортура на Мицкоски, само ќе му кажам што очекувам

Од:

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален преставник за Балканот, Габриел Ескобар по средбата со премиерот Димитар Ковачевски ќе оди на средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и вети дека нема да го врши тортура како странски дипломат.

Ова е одговор на обвинувањата на опозицискиот лидер дека Владата коленичи и моли да дојдат странски високи дипломати за да го убедуваат со тортура ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени.

– Сакам да кажам дека нема никој нема да го подложам на тортура. САД не избира влади за земјите на НАТО, меѓутоа поставуваме очекувања и единствената работа која ќе ја кажам е да ја пренесам истата порака која ја ширам во регионот дека САД ги гледа како природни партнери оние што се посветени на НАТО и на борбата против корупцијата. Сакам да имам отворена размена на гледишта – рече Ескобар.

Заменик државниот секретар на САД повторно истакна дека Македонија е вистински пријател на САД која помогнала во Авганистан, Украина, а што е најважно помогнала да се постигне договор помеѓу Србија и Косово.

– Партнертството кое го имаме за заштита на демократијата. Во смисла на проширувањето на Еворпската унија секогаш сум велел дека Западен Балкан е регионот со најголем потенцијал и најбрз раст. Европа и Америка имаат потреба од вас, вие сте стратешки партнер. Ни беше мило што започна процесот во Собрание, се надевам дека ќе продолжи – потенцира Ескобар.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Кос повтори: Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП