Приврзаници и роднини на Љубе Бошкоски нервозно ја пречекаа пресудата од 12 години за екс министерот за помагање на убиството на Марјан Тушевски и Орце Коруновски.
Тензиите почнаа уште на старот кога во судуот не ги пуштаа неговите две сестри зашто беше дозволено да влезе само по еден од секое семејство на обвинетите.
Целосна збрка настана откако беше прочитана пресудата. Роднините и приврзаниците на екс министерот со извици негодуваа на пресудата и со обвинување дека ова е уште една нарачка и освета од власта.
-Продадено судство, кај ќе ви оди душата, дајте му барем сто години затвор. Ќе ви се врати, се ќе ви се врати, нема да остане вака, беа извиците околу судот и внатре во судницата.
-Тој ја бранеше Македонија, види што му правите сега, како не ви е срам, извикуваше неговата сестра.
По пресудата дел од насобраните отидоа на задниот влез каде полицијата го изнесуваше Бошкоски и го испратија со извици „Љубе, Љубе“.
П.П.