(ВИДЕО) Дескоска: Судско-медиумскиот совет ќе ја подигне соработката на судството со новинарската фела

Од:

Mинистерката за правда, Рената Дескоска, го поздрави формирањето на Судско-медиумски совет кој на повисоки основи треба да ја подигне соработката на судството со новинарската фела, од аспект на зголемување на транспарентното работење на судовите и објективното новинарско известување.

Дескоска истакна дека изминатите години јавноста сведочела на честите злоупотреби на медиумите од страна на извршната власт преку објавување снимки од притворања и судски приведувања на лица, целосно погазувајќи го начелото за презумција на невиност.

„Овој Судско-медиумски совет со својата работа треба да ја зајакне довербата меѓу овие две фели и да овозможи правилно и објективно информирање за судските процеси од интерес на јавноста, без при тоа да се нарушуваат основните човекови права на учесниците во постапките“, истакна министерката.

Дескоска потенцираше дека транспарентното и јавно работење на државните органи ја одразува положбата на државните органи во едно демократско општество, а оние кои вршат каква било власт не смеат да ја кријат својата работа од оние во чиј интерес дејствуваат.

Таа истакна дека Министерството за правда во својата законодавна надлежност ќе продолжи со јакнењето на транспарентното работење на правосудните органи заради зајакнување на довербата на граѓаните во овој сектор и враќање на принципот на владеење на правото.

Би можело да ве интересира

Медиумите ќе имаат пристап до првостепените неправосилни пресуди на веб страниците на судовите

Министерката за правда Дескоска не учествува на маршот за правда

А1он

ДКСК: Неосновани наводите во претставката за номинирањето на Дескоска во Венецијанската комисија

Ана Ололовска

ВИДЕО: До утре напладне амадмани за законот за ЈО

Драган Поповски

Дескоска: Ниту Мицкоски, ниту Зоран Заев ниту пак, Министерството за правда избира јавен обвинител,

Anela Petrova

СЈО ќе биде инкорпорирано во ОЈО и надлежно за висок профил на корупција и криминал