Министерката за правда Дескоска не учествува на маршот за правда

Од:

Министерката за правда Рената Тренеска – Дескоска не учествува на вечерашниот марш, „Чекориме за правда“ што го организира СДСМ.

Во соопштението на Министерството се вели дека таа се решила на овој чекор поради принципот на „немешање во судската власт“.

„Дозволете да ве информираме дека ги поддржуваме граѓаните во нивните барања за враќање на довербата во правосудството, но заради почитување на принципите на немешање во судската власт, Ве информираме дека министерката за правда нема да учествува на денешниот марш“, стои во соопштението.

На маршот учествува целото раководство на СДСМ предводено од лидерот Зоран Заев.

Како што најавија од партијата, маршот се одржува со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство. Токму затоа, како што рекоа од партијата, маршот завршува пред судот, што би претставувало симболика за правни разрешници и крај на криминалните дејствија во нашата држава.

Маршот следува откако вчера попладне пратениците го изгласаа Законот за јавно обвинителство, како и Законот за Совет на јавни обвинители.

Со новодонесениот Закон за јавното обвинителство, сметаат од Министерството за правда,  се овозможува продолжување на сите започнати постапки, воведување гаранции за независноста на јавното обвинителство и зголемена ефикасност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Создадовме гаранција за спречување на манипулацијата со АКМИС системот кој во минатото се злоупотребуваше за избор на подобни судии кои ќе работат на конкретни предмети. Со новиот Закон за управување со движењето на предметите во судовите и Законот за судовите предвидовме основ за разрешување на судии и претседател на суд ако предметите не се доделуваат по случаен избор преку АКМИС. Создадовме правен основ и за сличен систем за распределба на предмети по случаен избор и во рамки на Јавното обвинителство. Тргнувајќи од сето ова, очекуваме сите институции во рамки на правосудството да ја имаат предвид својата улога во градењето на систем на владеење на правото, почитување на човековите права и напредувањето на патот на евроинтеграцијата. Судиите и обвинителите, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се сега на потег, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците