Дескоска: Ниту Мицкоски, ниту Зоран Заев ниту пак, Министерството за правда избира јавен обвинител,

Од:

Во Министерството за правда денеска се одржа првата средба, на која треба да се разгледуваат забелешките и амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавното обвинителство, во кој се регулирани и статусот и автономијата на специјалното јавно обвинителство.

Од страна на Министерството за правда на средбата учествува министерката Рената Дескоска, делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ ја предводи Иван Менкиноски, а присуствува и претставникот на ДУИ, Артан Груби.

Дескоска пред средбата изјави дека во согласност со договорот за работата на работната група, ВМРО ДПМНЕ треба да доставува амандмани на законот.

„Сè што ќе значи подобрување на текстот во насока на имплементирање стандарди на ЕУ – ќе бидат прифатени. Секако, заедничката желба на Министерството за правда и Владата на Република Северна Македонија е да имаме текст што ќе значи имплементирани меѓународни стандарди, но, секако, сите присутни на состанокот мора да бидат свесни дека под стандардите што ќе значат објективно, капацитетно Јавно обвинителство и

СЈО како траен орган, не можеме да отидеме бидејќи носењето закон само за да се донесе, без оглед на квалитетот, не е нешто што можеме да го оправдаме ниту, пак, е потребно. Од таа причина мојата порака до сите учесници денеска е дека мораме да работиме заедно на носење квалитетен закон, кој ќе имплементира меѓународни стандарди, а не да се прават обиди за избегнување одговорност од поранешни или идни сторители на кривични дела“, потенцираше Дескоска.

Во однос на прашањето за барањето на ВМРО-ДПМНЕ Катица Јанева да не биде специјална јавна обвинителка, Дескоска одговори:

„Мандатот на специјалната обвинителка според сегашниот закон истекува оваа година. Со оглед на тоа што ниту Мицкоски, ниту Зоран Заев ниту, пак, Министерството за правда избира јавен обвинител, прашањето понатаму за избор што ќе продолжи да ја врши функцијата специјален јавен обвинител е прашање што ќе треба да го одговорат членовите на Советот за Јавно обвинителство“.

Од тие причини не треба да разговараме за луѓе, туку за создавање систем заснован на принципи, кој ќе гарантира и утре непристапно водење на постапките од страна на кое било обвинителство“.

Какви се шансите да се добие обвинител по избор на опозицијата беше следното прашање на кое министерката за правда одговори:

„Препораките што ги имаме за начинот на избор, за критериумите, укажуваат дека треба да имаме процедура во која политичките партии нема да имаат мешање. Тоа се европски стандарди и ние ќе се залагаме за имплементирање на европските стандарди со цел законот да биде позитивно оценет од Европската комисија и да ни се овозможи отворање на преговорите“.

Би можело да ве интересира

Утре нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Татјана Ташкова

Министерство за правда: Квалитетен закон за јавно обвинителство е услов за почеток на преговори со ЕУ

СЈО ќе биде инкорпорирано во ОЈО и надлежно за висок профил на корупција и криминал

Трибина „Фер општество-шанса за сите“ во Битола

Средба Дескоска – Прибе за реформите во правосудството

Дескоскa: Транспарентноста и директната комуникација со граѓаните–најдоброто оружје во борбата против лажните вести

Сандра Бошковска