Можна лидерска средба Заев – Мицкоски

Од:

Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев нема ништо против да се сретне со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а во врска со Законот за Јавно обвинителство, кој треба да биде донесен со двотретинско мнозинство.

„Ако има реална потреба, би седнал да разговарам со Мицкоски, бидејќи е важно за државата. Се работи за системско решение кое е двотретинско и сите имаат одговорност. Се надевам дека ако не пред, законот ќе го донесеме по изборите“, рече Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека од понеделник ќе излезат со став за законското решение и дека во моментов нивниот тим на есперти го разгледува предлогот.

Потребата за усвојување на законот, при неговата посета на Скопје, ја истакна и комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

Во меѓувреме, претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека Собранието може да го донесе законот веднаш, доколку власта и опозицијата ги надминат разликите.

 

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски